Селекторот на Португалија, Фернандо Сантош, вели дека многупати предупредувал дека Македонија може да ја шокира Италија и дека бил во право кога тие во четвртокот во Палермо со 1-0 победија во полуфиналето од плеј-офот од квалификациите за Светското првенство.
„Треба да ја покажеме истата почит кон Северна Македонија како и кон Италија. Ви реков пред да играме, овие средби не се шега. Тие се како финале и се може да се случи. Мора да се соочите со тоа со фокус и концентрација каква што заслужува. Тим кој оди во Италија и го победува европскиот шампион, зарем треба да се прашувате дали е добар?“, вели Сантош.