Репрезентативецот на Србија и досегашен голман на Бенфика, Миле Свилар од лето ќе го чува голот на тимот на Рома.
Тој за време на оваа репрезентативна пауза, престојуваше во Рим и ги обави неопходните лекарски прегледи во клубот, по што веќе нема никаква пречка тој откако ќе заврши актуелната сезона да се презели во Рома.
Според Фабрицио Романо, трамсфер гуруто во Европа, Свилар потпишува договор до 2027 година.