Скопје во самиот финиш го урна Прилеп

105

Скопје дојде до важна победа во плеј-аут, на домашен терен по голема драма го совлада Прилеп со 23-22. Дебитантот до триумфот со голот на Александар Василевски, кој од десетина метри ја затресе мрежата на противникот за голема радост во своите редови.

Со победничкиот гол Василевски дојде до бројката од пет погодоци и беше лидер кај Скопје, зад него беа Филип Василевски, Мишевски и Киселовски со по четири гола. Кај Прилеп, Гичев запиша седум гола.

Скопје со првите бодови во плеј-аутот го мина Прилеп на табелата во плеј-аутот, каде лидер е Т.Пролет.

ПретходноАкадемија ФМП го доби деулот за третото место и го турна Гостивар во криза
СледноРаботнички по пресврт и продолжение ја освои Гевгелија