Лоша вест за нашиот табор. Пепе, искусниот дефанзивец на репрезентацијата на Португалија и официјално е негативен на последниот ковид-тест и затоа утринава тренираше заедно со останатите репрезентативци на селекција против која ние во вторник вечерта во Порто ќе одиме по историја.
Се разбира дека домашната селекција со Пепе е значително посилна, и не само поради квалитетот, туку повеќе поради фактот дека тој е најголемиот борец во нивниот табор, а знае и тоа како да предизвика инцидент кој нему ќе му оди во прилог.
Најрадосен по враќањето Пепе беше Роналдо, кој на тренингот извокуваше – “Кралот се врати, се врати“…