Уште еден повратник во нашата репрезентација за финалето со Португалија. Тихомир Костадинов денеск апо утринскиот тренинг зборуваше за очекувањата од дуелот во Порто.
„Имаме уште 90 минути за игра. Ќе го дадеме максимумот, ќе изгинеме на натпреварот за да успееме да го повториме тоа што се случи во Палермо. Не чека малку поинаков меч, Италија е екипа која игра повеќе тимски, додека Португалија игра повеќе индивидуално. Секако дека ни е потребен истиот мотив, желба и пожртвуваност и на оваа средба, со малку среќе се надевам дека ќе се редуваме и ќе ја оствариме зацртаната цел. Стивна еуфоријата од Италија, сега сме фокусирани само на Португалија. Со мислите веќе сме таму, се подготвуваме психички и тактички, да одиграме на највисоко ниво. Верувам во овие момци, по она што го направија против европскиот шампион, зошто да не го повториме тоа и во вторник“, изјави Костадинов.