Трајковски, Морган и Вилијамс го уништија Куманово

144

Последниот меч од денешната програма од 20. коло во Првата лига заврши со убедлива победа на Феникс. Дебитантот на домашен терен без проблем го совлада Куманово со 91-76 за 11. триумф во друштвото на најсилните.

Гостите немаа решение за опасниот тандем Бојан Трајковски, Џошуа Вилијамс и Двејн Морган, заедно постигнаа 75 поени.

Кошаркарите на Феникс „нагазија“ уште на стартот, поведоа со 24-13, на одморот беше 53-33. Двоцифрената позитива беше доволна за домаќинот без проблем го приведе дуелот, на гостите им ја „препушти“ само третата четвртина.

Кај Куманово Марјановиќ имаше 28 поени, зад него беше Димотровски со 12 поени.

ПретходноБарди го вози Елмас, „опсада“ на Ристовски
СледноКобајаши си ја врати титулата од Светскиот куп