“Здраво шампиони“ – со овие зборови им се обрати Димитар Ковачевски, премиерот на владата на Р. Македонија во авионот на нашите фудбалери пред летот за Порто. Исто како Александар Вучиќ.Тоа истото претходно го направи Александар Вучиќ пред неколку месеци. Имено тогаш претседателот на Србија им посака среќа на српските играчи и тиа славеа со 1:2 на гости.
Инаку премиерот беше во друштво на Артан Груби, заменикот во владата.
„Она што го направивте е е резултат на макотропна работа. Одлучено е да имате 500.000 евра премија од владата за пласман на СП. Многу среќа“ рече покрај другото Ковачевски.
Иаку покрај Ковачевски, на скопскиот аеродром беа и неколку министри од владата, пред се првиот човек на МНР Бујар Османи. Тие им посакаа многу среќа на сите во нашата експедиција на мечот во Порто, се разбира победа над Португалија и пласман на СП во Катар.
Притоа се напомена дека сите во репрезентацијата ќе добијат дипломатски пасоши и се разбира специјална премија.
Да се надеваме дека Македонија ќе успее во вторник вечер ќе успее да го оствари сонот.