Напаѓачот на Челзи Тимо Вернер изјави дека се чувствува подобро кога игра за Германија отколку за лондонскиот клуб поради „различните стилови“. 26-годишниот напаѓач премина во Челзи благодарение на одличните настапи за РБ Лајпциг но не успеа да го достигне нивото на кое треба да биде во англискиот клуб.
„Работите не одат онака како што посакувам во Челзи, но работите се многу подобри тука под раководство на Ханси Флик. Навистина ми е пријатно да играм фудбал без разлика каде. Но има разлики во стилот на играта во репрезентацијата и во Челзи. Тука имам поголеми шанси да постигнам гол(ови). Искрено, многу подобро се чувствувам во репрезентацијата“, вели Вернер.