Дејвид Бекам има големи планови за ова лето, во Интер Мајами сака да донесе бомбастични засилувања.
Прво кој може да го облече дресот на овој клуб е Луис Суарез, неговиот договор со Атлетико Мадрид истекува, а Бекам веќе е во преговори, Уругвајецот имал желба да се проба во МЛС-лигата.
На радарот на Бекам е Лионел Меси. На Аргентинецот не му оди најдобро во ПСЖ, па МЛС-лигата не е толку невозможна опција. Па токму затоа поранешниот англиски репрезентативец ќе се обиде да го убеди Аргентинецот, кој најави дека сака да се проба во МЛС-лигата, но нешто подоцна. Ќе видиме дали оваа негова желба се променила.
На листата на желби на Бекам и Интер Мајами е Серхио Бускетс од Барселона, кој е на крајот на својата кариера, па МЛС-лигата не звучи така лошо.
Доколку успее да ги донесе Меси, Суарез и Бускетс, Интер Мајами и тоа како ќе биде вистински хит.