На мечот со Италија не можеше да помогне поради жолтите картони, но во вторник го очекуваме во нашиот табор како освежување и изненадување за моќната Португалија. Елиф Елмас по денешниот тренинг пред заминување за Порто ги сподели своите очекувања од престојниот дуел.
„Овој е еден од најтешките и највозбудливите натпревари за сите играчи кои сме тука. Ова се наши 90 минути за да си го исполниме сонот од деца, за нас и за цела нација и држава. Мора да знаеме дека оваа шанса не смееме да ја пропуштиме. Треба да се одугра максимално, да изгинеме за да стигнеме до Катар. Мислам дека Португалија индивидуално е поквалитетна од Италија. Се игра финале, мислам дека нема да не потценат иако јас би сакал. Од секој аспект овој меч ќе биде поразличен, финале е и двете репрезентации само 90 минути не делат од СП“, вели Елиф.
Македонија попладнево со чартер лет од Скопје заминува за Порто.