Касано: Не е Манчини виновен, туку Италија како тим е тежок просек (ВИДЕО)

475

Поранешниот италијански репрезентативец, Антонио Касано одсекогаш бил познат како човек кој е „оштар на јазик“. Поточно, никогаш не го криел своето мислење кое многупати знае да биде критички насторено. Тој нормално беше запрашан околу елиминацијата на Италија од Македонија во полуфиналето од баражот за пласма на Мундијалот во Катар и нормално Касано го кажа своето мислење како што и секогаш прави.

„Не сме пријатели со тренерот Роберто Манчини, но го почитувам поради тоа што го работи. Секакви будали веќе почнаа да пишуваат кој треба да го заменат на селекторското место. Овие будали треба да сфатат дека Италија има просечен тим. Колку пати сум зборувал за ова во последните години? Чиро Имобиле има постигнато 180 гола во италијанското првенство, но не може да „се состави со топката“ во репрезентацијата“, изјави Касано и додава.

„Минатото лето Манчини направи чудо со титулата на ЕП 2020. А што, сега треба да се пензионира?! Сите овие новинари и поранешни телевизиски експерти мора да бидат отпуштени. Серија А е лоша. Погодуваш на три натпревари и веќе си во репрезентацијата“, изјави Касано во стрим на платформата Твич.

ПретходноПетровиќ: Мечот го загубивме во првата четвртина!
СледноСвилар е нов голман на Рома