Кобајаши си ја врати титулата од Светскиот куп

184

Јапонскиот ски-скокач Рују Кобајаши е освојувач на Светскиот куп во скијачки скокови за сезоната 2021/22. Денеска на словенечка Планица завршија натпреварите во СК и Јапонецот е победник во севкупниот пласман со 1621 поен со што го освои Кристалниот глобус, а второто место го освои Германецот Карл Гајгер со 1515 поени. Трет завршни Норвежанецот Мариус Линдвик со 1231 поен.
Победникот од минатата сезона Халвор Егнер Гранеруд е четвртопласиран. Петтото место му припадна на Штефан Крафт од Австрија.
Ова е втора светска титула за Кобајаши по онаа во сезоната 2018/19.

ПретходноТрајковски, Морган и Вилијамс го уништија Куманово
СледноВернер: Во репрезентацијата се чувствувам подобро отколку во Челзи