Вторник, 29.03.2022 година, стадион “Драгао“ во Порто, Португалија – Македонија, меч кој ќе биде најважен за Македонија во својата историја, и не само спортска, фудбалска да не говориме. Македонија ја делат 90 минути од Мундијалот во Катар.
Германија е архивирана во групата, Италија среде Палермо уништена, сега не ред е Португалија.
Па, добро бре, уште кого мора да победиме за да одиме во тој Катар?
На ред е Роналдо и останатите „европски бразилци“, уште тоа…
Ех, да се оствари сонот…колку ќе биде убаво.
Но, треба да се одигра херојски, како што досега одигравме.
А нашите херои свесни за своите квалитети во една мирна и релаксирана атмосфера си ги одработуваат задачите. Се чини дека сите останати, освен тие, се под притисок, имаат трема, стравуваат од Роналдо. А тие со насмевки на тренинзите, во хотелот, во базата. Како да ќе играат во вторник со некој третолигашки тим а не против веројатно најзвучната репрезентација во светот.
И така и треба да биде. Тие добро знаат дека треба да покажат пркос, да покажат храброст, да покажат дека не се плашат од никого.
Токму затоа оваа генерација е најдобра во историјата на Македонија, тука нема дилеми.
На вчерашниот тренинг Лавот Адеми одлично расположен им се обрати кон Дарко и Енис, Боби беше малку сериозен како што се гледа на оваа фотографија.
“Момци, имаме уште 90 минути до Катар“…