Ентони Тејлор од Англија ќе биде главниот судија на мечот Португалија –Македонија во вторник на “Драгао“ во Порто.Во мечот кој ќе се решава патникот за Мундијалот во Катар. Интересно, Тејлор ни судеше и на оној историски меч во Тбилиси на 12 ноември 2020 година кога со голот на Пандев ја победивме Грузија и се пласиравме на ЕП.
Па, зарем е можно одново Тејлор да ни суди на еден ваков историски меч, веројатно најголем во нашата фудбалска историја. Секако дека не се буниме. Тејлор ни донесе среќа во Тбилиси ако може така да се каже, нека ни донесе и во Порто.
Инаку важи за еден од најдобрите судии во светот, постојано суди во Премиер – Лигата, ЛШ, најзначајните мечеви во квалификациите за ЕП или СП.
Негови помошници ќе бидат Гери Бесвик и Мајкл Нун, а четврти е исто така познатиот Мајкл Оливер.