„О Жого“: Со Македонците никогаш не ни било лесно, едвај сме им дале еден гол

1282

Португалскиот „О Жого“ денеска излезе со текст во кој се осврнува на историјата на меѓусебните пресметки меѓу Португалија и Македонија. Весникот издвојува дека и историски гледано, Португалија никогаш не минала лесно против нашата репрезентација.

„Португалската фудбалска репрезентација има победа и реми во пресметките со Македонија, но само еден постигнат гол, во пресрет на третиот дуел и прв официјален, кој е вреден пласман на СП 2022 година“, заклучува весникот.

Првиот дуел на Македонија и Португалија е оној на неутрален терен во Лозана, Швајцарија, на 2 април 2003 година, во третиот натпревар од ерата на Луис Фелипе Сколари, кога Португалија победи со 1-0, благодарение на голот на Луис Фиго, постигнат во 24-та минута, по асистенција на Серџо Консеисао.

Втората редба се одигра речиси деценија подоцна, на 26 мај 2012 година, на пријателскиот натпревар одржан во Леирија. Дуелот заврши без голови

„Португалија беше разочарувачка на тој меч и на крајот доби многу свирежи од португалската јавност, особео во второто полувреме и на крајот на мечот“, се потсетуваат новинарите на „О Жого“.

Третиот натпревар меѓу Португалија и Македонија, се игра во вторник, во 20:45 часот, на Естадио до Драгао, во Порто и вреди пласман на Мундијалот!

ПретходноПотег за респект: „Комити“ вратија „Чкембар“ со автомобил директно во Битола
СледноТри прволигашки пресметки на програмата во развлеченото 20. прволигашко коло