Петровиќ: Мечот го загубивме во првата четвртина!

209

МЗТ Скопје не успеа со победа да го заврши регуларниот дел од сезоната, на последниот меч во Широки Бриег беше поразен со 88-84. Ова сценарио не го промени изгледот на табелата, барем кога станува збор за врвот, актуелниот македонски првак во плеј-офот ќе стартува од првото место, а за противник ќе го има тимот кој ќе заврши на осмото место на табелата.

Според стратегот на МЗТ Скопје, дуелот бил загубен во првата четвртина.

„Мечот го загубивме уште во првата четвртина, му дозволивме на противникот да го намести нишанот во шутот за три поени. Во второто полувреме се разигравме, но ниту тоа не беше доволно. Игравме без Војдан Стојановски и Бојан Крстевски, но тоа не е алиби. Имавме шанси на крајот, но не ги искористивме, направивме лична грешка во напад, потоа и неспортска, а сметам дека и фаулот над Протиќ беше непотребен бидејќи можевме да браниме. Моите кошаркари како да се задоволија од победите во првите два меча и со мислите веќе беа дома, бидејќи го освоивме посакуваното прво место од кое влегуваме во плеј-офот“, изјави тренерот на МЗТ Скопје, Александар Петровиќ. 

Плеј-офот оваа сезона се игра во Скопје од 13. до 17. април.

ПретходноБолоња со екстра потег, му го обнови договорот на Михајловиќ до 2024
СледноКасано: Не е Манчини виновен, туку Италија како тим е тежок просек (ВИДЕО)