По перфекција во Широки Бриег: МЗТ Скопје за потврда на врвот пред стартот на плеј-фот

412

Актуелниот македонски првак оваа сезона покажа дека е зрел за многу повеќе од настап во АБА2-лига. МЗТ Скопје стигна до врвот на табелата, откако го совлада Борец Бања Лука во директната пресметка, а веќе денеска (15 часот) има шанса да ја потврди лидерската позиција пред стартот на плеј-офот, кој од 13 до 17 април се игра во Скопје.

Избраниците на Александар Петровиќ за противник го имаат Златибор, тим кој се наоѓа на седмото место на табелата.

Во оваа средба „сино-белите“ влегуваат со скор од десет победи и два порази, ќе го бркаат 11. триумф за продолжување на перфекцијата на последниот меч од „балонот“ во Широки Бриег, последен од регуларниот дел од сезоната.

Двата тима имаа само една пресметка претходно, минатата година ова време македонскиот првак славеше убедливо со 71-90. Добрата сезона во АБА2-лига, како и котирањето на табелата „сино-белите“ ги прави фаворити, останува оваа улога да ја потврдат на дело.

Во таборот на МЗТ Скопје силно веруваат дека следната сезона ќе биде дел од АБА-лига, а за тоа ги имаат сите услови, плеј-офот го играат пред своите верни фанови.

Претходно„Нашиот“ судија од Тбилиси, ќе ни суди и во Порто!
СледноПотег за респект: „Комити“ вратија „Чкембар“ со автомобил директно во Битола