Поради настапот на МЗТ Скопје и Пелистер во АБА 2-лига, 20. коло во македонскиот шампионат ќе биде комплетирано дури во четврток.
Први на теренот излегоа Еуро Никел и МЗТ Скопје 2, кавадарчани со триумф над вториот тим од Аеродром го потврдија своето место во Супер-лигата.
Денеска ќе се одиграат три средби. Во центарот на вниманието е дербито меѓу Академија ФМП и Гостивар, ова е пресметка за третото место на табелата. Тимот од Кисела Вода има 32 бода, односно бод повеќе од гостите. Првата пресметка оваа сезона заврши во корист на „академците“.
Гостивар има два порази во низа, ќе бара излез од кризата пред стартот на Супер-лигата, додека пак на другата страна домаќинот е во налет. Дефинитино ќе биде интересно во Скопје.
Во истиот термин од 18 часот се среќаат Кожув и Работнички, два тима кои веќе немаат шанса за место во Супер-лигата. Два часа подоцна Феникс е домаќин на Куманово.
НЕДЕЛА:
18.00: Кожув – Работнички
18.00: Навико Академија ФМП – Гостивар (МРТ)
20.00: Феникс 2010 – Куманово 2009
30.МАРТ (СРЕДА):
18.30: Пелистер – Ангели
31. МАРТ (ЧЕТВРТОК):
МЗТ Скопје Аеродром – ТФТ (МРТ)