Вечерва националите ќе тренираат на „Драгао“…

380

Како што е вообичаено кога станува збор за вакви натпревари, во пресрет на утрешниот историски меч со Португалија за пласман на СП во Катар, вечерва нашите фудбалери ќе го одработат задолжителниот тренинг на стадионот “Драгао“ во Порто. Тоа би требало да се случи околу 20 часот по македонско време,претходно ќе има и прес – конференција.

Се разбира дека на “Драгао“ нема да се разработуваат  тактиките, тие веќе се готови, вечерашниот  тренинг ќе послужи само како запознавање со теренот, условите кои ги нуди овој прекрасен стадион.

Во нашиот табор атмосферата е одлична. Нема еуфорија, но има верба во своите можности. Јасно е дека ваква шанса не смее така лесно да се испушти. Исто јасно е дека Португалија е фаворит, но во фудбалот чудата се случуваат, како што тоа беше во Дуисбург и Палермо, па нека биде така и во Порто.

Нема да имаме ништо против…

ПретходноНови промени во ЛШ: Пласман во групите и преку УЕФА коефициент!
Следно„Bom dia“ од Порто – Обединета Македонија (ФОТО)