Познат судија доживеа срцев удар!

538

Фудбалскиот судија од Романија, Овидиу Хацеган, завршил во операциона сала откако доживеал срцев удар. Арбитерот кој е доктор, ги препознал симптомите, веднаш бил однесен во болница во Темишвар, каде бил опериран.

Почувствувал дека има проблеми со затнувањето на вените, што го спасило од трагедија. Неговиот живот не е во опасност, но ќе биде под лекарски надзор.

Овој судија има големо искуство, се очекува да ја дели правдата на СП во Катар.

ПретходноМВР со извештај по дербито во Скопје: Приведени се две лица, а оштетени се четири автобуси
СледноПортугалците спремаат спектакл на “Драгао“: Против Македонија со 50.000 знамиња! (ФОТО)