Нашиот капитен Стефан Ристовски во пресрет на мечот со Португалија, утревечер од 20:45 часот на стадионот „Драгао“ во Порто, најважниот во нашата историја го даде својот коментар околу тоа што може да се очекува. Екс – фудбалерот на Спортинг Лисабон на вечерашниот прес посочи дека Македонија е сперемна за ова големо финале.
„Ова е најважниот меч. Светот не веруваше дека ќе бидеме на овој прес. Не е случајност, оваа соблекувална оваа селекција имаат нешто посебно што другите го немаат. Спремни сме за ова големи финале“
Инаку Ристовски посочува дека тој и неговите соиграчи сакаат пред 50.000 домашни фанови да победат.
„Не можам да замислам дека ќе се случи овој момент кој од овие две селекции ќе оди на СП. Затоа фудбалот е интересен. Првата пречка ја минавме. Тука сега пред 50.000 Португалци сакаме да победиме“ продолжи нашиот капитен.
Тој посочи дека е голем пријател со Бруно Фернандез, но утре тоа пријателство ќе биде на страна…
“Ја познавам Португалија многу добро. Имама убави спомени од оваа држава, мојот син е роден тука. Ме радува што оставив трага, во добри односи сум со многу играчи. Верувам дека така ќе биде и после финалето. Ма ваков меч се заборава пријателството. Целото мое знаење за Португалија му го кажав на нашиот селектор. Пријателството со Бруно ќе остане и после ова. Утре пријателсвото ќе биде на страна, играме за своите држави“
Ристовски изјави дека без разлика што утре ќе се случи, Македонија тука нема да застане…
Ова може да биде најголемиот успех на македонскиот спорт ако одиме на СП. Овој пат е многу тежок, фудбалскиот пат. Секоја репрезентација има свој квалитет. Ние пред 7-8 години бевме изолираниа еве сега по настапот на ЕВРО 2020 сме на чекор до Мундијалот во Катар. Без разлика што ќе се случи утре, ние тука нема да застанеме“.
Инаку тој истакна дека се надева Трајковски повторно ќе даде таков гол како во Палермо…
“Се надевам дека Аце ќе даде повторно ќе даде таков гол како во Палермо и донесе нова историја“.