Украинскиот кикбоксер Максим Кагал загинал додека се борел во Мариупол, објави неговиот тренер Олег Скирта. Кагал се борел против руските сили како дел од баталјонот Азов, екстремистичка десничарска единица која Русите ја обвинуваат за нацизам и која користи симболи користени во нацистичките трупи за време на Втората светска војна.
„Максим Кагал загина додека го бранеше нашиот град како дел од единицата Азов. Мирно спиј брате. Ќе се одмаздиме“, изјави тренерот Скирта.
Кагал имал 30 години, роден е во украинскиот град Кременчуг и бил светски шампион во кикбокс.
World champion Ukrainian kickboxer ‘killed in combat in Mariupol’ https://t.co/FKtyhvARlr
— MailOnline Sport (@MailSport) March 28, 2022