Како што пишува “Wall street Journal“ а пренесуваат речиси сите светски медиуми попладнево, Роман Абрамович, газдата на Челзи бил отруен во Киев на почетокот на овој месец кога беше посредник во првите разговори меѓу Киев и Москва. Се пренесува дека во тие разгвори и преговори бил и претседателот на Украина, Володомир Зеленски, но тој не почувстувал никакви симптоми.
За разлика од него Абрамович покрај другите последици со кожата и дишењето, го загубил и видот па морал да се лекува потоа во Истанбул, сега неговата здравствена состојба била добра.
Инаку се претпоставува дека него го отруле лица кои биле во делегацијата на Русија, како доказ се наведува дека членовите на делегацијата на Украина исто имале симптоми од труење од хемиско оружје.