Бабиќ: Во Нашице да одиграме со истата енергија како против Вардар

212

Е.Пелистер направи брејк во плеј-офот, на гостувањето кај Вардар 1961 славеше со 23-24 и сега е нов лидер на табелата. Битолчани во вистинско време одиграа одличен натпревар во Скопје, истиот ја зголеми самодовербата пред двобојот во Нексе во рамките на осминафиналето во Европската лига. Мечот е закажан за во вторник со почеток во 18:45 часот.

„Се одлучивме да го подготвуваме натпреварот против Вардар и тоа добро испадна. Сега имаме три дена да се одмориме, да се подготвиме дефанзивно и офанзивно, да видиме кои карактеристики ги има Нексе. Треба побрзо ментално да се одмориме и со истата енергија и желба да се обидеме да обезбедиме што е можно подобар резултат.

Нексе е добра дефанзивна екипа и тркачки добра екипа. Веќе имавме еден натпревар против нив, тоа беше добро искуство, Верувам дека ќе се одмориме, ќе се припремиме и ќе бидеме спремни на нивното брзо трчање, на неговиот брз центар и на агресивната одбрана“, изјави Бабиќ.

Е.Пелистер нема победа на гостински терен против Нексе, претходно четири пати се имаат сретнато, двата тима имаат по два триумфи на домашен терен.

ПретходноФокусот е насочен кон дуелот со Фарски Острови (ФОТО)
СледноТурскиот гигант тргна по македонскиот репрезентативец!