Далас победнички до 4. место на Западот, Голден Стејт не може без Кари

191

Кошаркарите на Феникс синоќа на домашен терен го совладаа тимот на Филаделфија со 114:104 и со тоа го забележаа осмиот последователен триумф во НБА лигата. Феникс, кој веќе ја обезбеди првата позиција на Западот пред плеј-офот, до победата го предводеа Девин Букер со 35 поени и Крис Пол кој додаде 19 поени и 14 асистенции.

Кошаркарите на Голден Стејт го загубија и петтиот од последните шест натпревари, овој пат од Вашингтон беше подобар од нив со 123:115. Во редовите на Вориорс, кои играат без повредениот Стеф Кари, се истакнаа Пул со 26 поени, Клеј Томпсон со 25 и Ендрју Вигинс со 23 поени, додека кај победниците Кори Кисперт беше најефикасен со 25 поени.

Далас на домашен терен беше подобар од Јута со 114:100, со што се проби на четвртата позиција на Западот. Лука Дончиќ со 34 поени го предводеше Далас до триумф, додека во тимот на Јута најдобар беше Руди Геј со 18 поени.

Кошаркарите на Њу Орлеанс надополнија негатива од 23 поени и на крајот славеа против ЛА Лејкерс со 116:108.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Детроит – Њујорк 102:104

Бостон – Минесота 134:112

Вашингтон – Голден Стејт 123:115

Феникс – Филаделфија 114:104

Њу Орлеанс – ЛА Лејкерс 116:108

Бруклин – Шарлот 110:119

Далас – Јута 114:110

ПретходноПортугалските власти почнаа да ги ловат препродавачите на билети за мечот со Македонија
СледноПортугалија нема победено на меч кој го судел Ентони Тејлор