Кире Ристевски: Се надевам дека Македонија ќе биде перфектна!

242

 

Кире Ристевски, еден од нашите најискусни репрезентативци, за историскиот меч со Португалија има свој коментар. Тој смета дека Македонија како што досега покажа дека може да се носи со големите репрезентации, може и утре да дојде до резултат кој ќе не однесе во Катар.

Смета исто така дека еуфоријата по Палермо треба што побргу да спласне, не чека голем меч утре вечер од 20:45 часот на Драгао.

“По се она што се случи во Палермо, најмногу ни требаше мир.Мислам дека избрзавме со прослави, треба цврсто на нозе да стоиме.Имаме пред нас уште еден натпревар каде треба да се даде максимумот. Се уште ништо не е завршено“ вели тој.

Имаме ли сили за нова жестока битка?

“Да, апсолутно. Сигурно нема да се предадеме. Одиме да се надигруваме, нема што да загубиме. Добивме инструкции како треба да играме против Португалија, мотивирани сме.Мислам дека оваа шанса треба да се искористи“.

Како да се стопира Роналдо?

“Роналдо е најдобриот играч на сите времиња можеби, но не треба да мислиме на него и на сите останати во селекцијата на Португалија. Нашиот фокус треба да биде тоа како ние ќе одиграме. Од нас зависи колку ќе и дозволиме на Португалија да одигра. Се надевам дека ќе бидеме перфектни, со малку среќа се надевам дека одново ќе ја израдуваме нашата нација“ заврши Ристевски.

Претходно„Bom dia“ од Порто – Обединета Македонија (ФОТО)
СледноФокусот е насочен кон дуелот со Фарски Острови (ФОТО)