Манчини испрати пет репрезентативци дома

916

Роберто Манчини нема да си поднесе оставка, и Италијанската федерација нема да му врачи отказ. Иако актуелниот европски шампион беше дел од бараж полуфиналниот дуел за пласман на Мундијалот во Катар сепак со 0:1 загуби од Македонија и е елиминирана. Па така, наместо финале, Италија сега ќе игра пријателски меч со губитникот од другиот полуфинален меч, репрезентацијата на Турција.

Сепак, на овој дуел Манчини нема да поведе неколкумина досега стандардни репрезентативци, од типот на Инсиње, Имобиле и Жоргињо, затоа што го одиграле целиот меч против Македонија, и немало да бидат дел од следниот дуел против Турција, а што се однесува до Политано и Флоренци, селекторот Манчини истакна дека едноставно во моментов овие двајца не се во потребната форма.

 

ПретходноПораз од домаќинот на турнирот во Португалија
СледноФИФА прашува: Кој ќе оди во Катар, Португалија или Македонија?