Мајстори за гостински натпревари: На последните три меча како гости имаме три победи со гол разлика 10:0!

318

И добро е што финалето од плеј-офот за пласман на СП против Португалија ќе го играме на гости. Имено последен пат како гости сме загубиле на 25 март минатата година и тоа во Букурешт од Романија со 3:2 во меч од квалификацискста група за Мундијалот.

Од тогаш наваму Македонија одиграла пет натпревари официјални како гостин, и на нив има 4 победи и едно реми.

И тоа реми со Исланд од 2:2 иако на тој меч во Рејкјавик водевме со 2:0.

Интересно е тоа што на последните три меча како гостин, селекцијата на Македонија предводена од Благоја Милевски има три победи и гол разлика 10:0, значи не сме примиле ниту еден гол а камо ли да загубиме.

Е, па, нека биде така и утревечер на „Драгао“ во Порто, во исторскиот меч за пласман на Мундијалот.

ПОСЛЕДНИТЕ ПЕТ МЕЧА КАКО ГОСТИ

31.03.2021: Германија – МАКЕДОНИЈА 1:2

05.09.2021: Исланд – МАКЕДОНИЈА 2:2

08.10.2021: Лихтенштајн – МАКЕДОНИЈА 0:4

11.11.2021: Ерменија – МАКЕДОНИЈА 0:5

24.03.2022: Италија – МАКЕДОНИЈА 0:1

ПретходноПорто во боите на Македонија
СледноПораз од домаќинот на турнирот во Португалија