МВР со извештај по дербито во Скопје: Приведени се две лица, а оштетени се четири автобуси

348

Дербито меѓу Вардар 1961 и Е.Пелистер се одигра пред речиси полни трибини. Покрај домашните навивачи „Комити“, во Скопје допатуваа и „Чкембари“. За време на дуелот атмосферата беше на завидно ниво, мала „црна“ дамка остави инцидентот на почетокот на натпреварот кога влегоа гостинските фанови, но истиот беше брзо ставен под контрола.

По завршување на оваа средба, надвор од салата, имало инциденти, според извештајот од Министерството за внатрешни работи (МВР), приведени се двајца навивачи и биле оштетени четири автобуси.

„Во врска со инцидентите за време и по ракометниот натпревар помеѓу екипите на Вардар и Пелистер, кој се одржа во спортска сала на подрачјето на Аеродром, од страна на полициски службеници во полициска станица се приведени Д.А.(43) од Скопје и Т.Г.(37) од Битола и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Во врска со настанот, во СВР Битола било пријавено дека околу 18.45 часот на бул.’АСНОМ’ во Скопје од повеќе лица биле оштетени два автобуса со прилепски регистарски ознаки, на превозно претпријатие од Прилеп и два автобуса со битолски регистарски ознаки, на превозно претпријатие од Битола, кои превезувале навивачи на спортски натпревар. Се преземаат дополнителни мерки за расчистување на случајот“, се вели во извештајот од МВР.

Оваа средба ја добија битолчани, кои сега се нови лидери на табелата.

ПретходноТурскиот гигант тргна по македонскиот репрезентативец!
СледноПознат судија доживеа срцев удар!