Нови промени во ЛШ: Пласман во групите и преку УЕФА коефициент!

328

Само една година по неуспехот на идејата за создавање на Суперлига, на дневен ред се нови промени кои се однесуваат на рангирањето на клубовите за најелитното клупско натпреварување во Европа – Лигата на шампионите.

Според предлогот на УЕФА, рангирањето за најсилниот турнир на Стариот континент треба да се врши не само според позицијата во конечниот пласман во локалните првенства, туку и според коефициент кој ќе се формира врз основа на учинокот на клубовите во последните пет сезони.

Се очекува УЕФА наскоро да ги претстави своите идеи пред членките и бордот на Федерацијата.

Според проектот кој се подготвува, за две места во Лигата на шампионите ќе се борат екипите кои се надвор од местата кои во националното првенство им даваат право за учество во најсилното клупско натпреварување, но се пласирале во Лига Европа или освоиле некој од локалните купови.

Таквата одлука би била прифатена од големите клубови, бидејќи дури и да не се квалификуваат за место кое го води на турнирот, ќе можат да го обезбедат преку нивните коефициенти, кои ќе се формираат со настапот во Европа од последните пет сезони.

ПретходноСпировски: Во Порто дојдовме по билет за СП 2022
СледноВечерва националите ќе тренираат на „Драгао“…