Португалија нема победено на меч кој го судел Ентони Тејлор

1663

43-годишниот англиски судија кој утре ќе ја дели правдата на „Драгао“ меѓу Португалија и Македонија, домашните фудбалери воопшто не го паметат по добро. Во последните 5-6 години откако Ентони Тејлор е со меѓународната значка на ФИФА, трипати им судеше на Португалците во најразлични натпреварувања и интересно, Португалија никогаш не победила на меч на кој Тејлор бил главен судија.

Последниот дуел кој Португалија го одигра под судиската палка на Тејлор беше оној на ЕП минатата година кога на средбата со Германија, „морепловците“ загубија со 4:2. Претходно Тејлор им судеше и во квалификациите за ЕП 2020 во групната фаза кога Португалија загуби на гостувањето кај Украина со 2:1. На третиот меч под арбитража на Англичанецот, Португалија на пријателски меч со САД одигра само 1:1.

За разлика од Португалија, ние Тејлор го паметиме по добро. Тој ја делеше правдата на дуелот со Грузија во Тбилиси кога победивме со 1:0 и се пласиравме на ЕП 2020. Претходно ни судеше и на еден меч од квалификациите за ЕП 2016 кога загубивме дома од Белорусија со 2:1.

ПретходноДалас победнички до 4. место на Западот, Голден Стејт не може без Кари
СледноЧави не сака да чуе за купување на Дибала: Тој е преценет!