Португалската фудбалска федерација по пишувањата на медиумите за старт на продажба на билети за мечот меѓу Португалија и Македонија на „црно“, вчера потврди дека доставила пријава до Управата за храна и економска безбедност (ASAE) за нерегуларна продажба на билети за финалето во баражите за пласман на СП 2022 година.
Институцијата која управува со португалскиот фудбал „добила неколку поплаки за препродажба на билети, па дури и за измама“, па случаите веднаш ги пријавила до надлежните органи.
„Во откриените поплаки, има ситуации во кои билетите купени по номинална вредност се препродаваат по многу повисоки цени, но има и случаи на измама во кои билетите што дури и не постојат се ставаат на продажба“, велат од Португалската федерација.