Португалците спремаат спектакл на “Драгао“: Против Македонија со 50.000 знамиња! (ФОТО)

346

Повеќе од јасно е дека утревечер на мечот меѓу Португалија и Македонија на “Драгао“ ќе има спектакл. Билетите се разграбани, трибините ќе бидат преполни. Организаторот веќе ги одработува последните подготовки, се е во знакот на фиалето од плеј – офот за пласман на СП.

Image

Да им се даде уште поголема поддршка на нивните фудбалери, за да атмосферата биде пеколна, домаќините се погрижија на секое седиште да има по едно знаме. Значи утре ќе има 50.000 португалски знамиња против Македонија.

Сепак, нашите фудбалери се доволно искусни за да не подлегнат на притисокот и атмосферата на “Драгао“, тие знаат што треба утре да сторат за да ја фрлат во транс цела Македонија.

 

ПретходноПознат судија доживеа срцев удар!
СледноРоналдо: Македонија е добар тим, заслужи да биде тука!