Роналдо: Македонија е добар тим, заслужи да биде тука!

479

Португалија – Македонија е финалето од плеј – офот за пласман на СП во Катар. Овој историски меч за нас се игра утре со почеток од 20:45 часот на стадионот “Драгао“ во Порто.

Секако дека главниот адут на Португалците ќе биде Кристијано Роналдо, еден од најдобрите фудбалер во историјата.

Тој со респект говореше на денешниот прес за нашата репрезентација.

Играме против Македонија. Тоа е тим кој мора да се респектира. Тоа ние и го правиме. Со своите резултати таа репрезентација заслужи да биде во финалето од плеј – офот за пласман на Мундијалот. Македонија успеа да изненади неколку квалитетни репрезентации, се надевам дека тоа утре нема да го стори. Тоа е добар тим“ потенцираше Португалецот.

За тоа дали може да се случи СП без Роналдо, тој одговори…

Видете, нема светско без Португалија. Ние сме тим, не сме поединци. Се чувстувам добро како и обично, максимално сум подготвен. Многу добро знаеме дека ако победиме одиме во Катар, ако загубиме сме надвор од Мундијалот“ рече покрај другото Кристијано Роналдо.

ПретходноПортугалците спремаат спектакл на “Драгао“: Против Македонија со 50.000 знамиња! (ФОТО)
СледноСантош: Овој меч за нас е „живот или смрт“