Селекторот на Португалија, нашиот противник во утрешното бараж финале за пласман на Мундијалот во Катар, Фернандо Сантос на денешната официјална прес конференција пред натпреварот изјави дека тој и неговиот тим е подготвен за историски пласман во Катар, но дека за да се случи тоа мора да победат исклучително квалитетен тим.
„Ја анализираме Македонија, и знаеме за што е способна. Ова е животен меч за нив, ама во исто време е и за нас. Токму затоа мора на истиот да се поставиме со максимум посветеност, одлучност, интензитет, дух на пожртвуваност и волја“ – рече Сантош па додаде.
„Притисокот е врз нас затоа што имаме императив да се пласираме во Катар, тоа е нашата примарна цел. Секогаш зборуваме за имиња, но тие се тука по своја заслуга. Македонија победи во Германија. Македонија на последните пет натпревари што ги одигра на гости, загуби само еден, а победи на три. Ја победија Ерменија, ја победија Италија и Германија. Ако не ги гледаме како целина, секако дека ќе ризикуваме. Имаме јасна цел, а тоа е да бидеме во Катар“ – вели португалскиот кормилар па поентира“.
„Почнавме против Турција и утре треба да го повториме тоа. Нашите офанзивни способности ни даваат предност. Немам никакво мислење околу фактот што Италија нема да игра на Мундијалот. Среќен сум што Португалија ја победи Турција и одигра добар натпревар. Тоа е важно за мене. Тоа беше тежок противник, знаевме дека мора да победиме за да бидеме во ова финале“ – рече искусниот стратег.