Светски шампион убиен во борбите во Мариупол

792

Украинскиот кикбоксер Максим Кагал загинал додека се борел во Мариупол, објави неговиот тренер Олег Скирта. Кагал се борел против руските сили како дел од баталјонот Азов, екстремистичка десничарска единица која Русите ја обвинуваат за нацизам и која користи симболи користени во нацистичките трупи за време на Втората светска војна.

„Максим Кагал загина додека го бранеше нашиот град како дел од единицата Азов. Мирно спиј брате. Ќе се одмаздиме“, изјави тренерот Скирта.

Кагал имал 30 години, роден е во украинскиот град Кременчуг и бил светски шампион во кикбокс.

ПретходноЛавот Адеми со порака до Португалците: Можеме и баскет да играме ако сакате! (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноЕгоров во борба за златниот медал на Европското првенство