Турскиот гигант тргна по македонскиот репрезентативец!

5254

Македонската фудбалска репрезентација е хит во светот на фудбалот. Можеби сме мала држава, но имаме момци со големо срце. Сите, од прв до последен „летаат“ на теренот, во „црвено-жолтиот“ дрес посебно блескаат, а за тоа говорат и резултатите. Македонија е на еден меч до СП во Катар, Португалија е нашата последна пречка.

Голем дел од репрезентативците се под будното око на европските клубови. Труските медиуми излегоа со информација дека Фенербахче го „пикирал“ Енис Барди. Во таборот на овој тим веќе стапиле во контакт со менаџерот на Барди, во нашиот фудбалер, кој игра за Леванте, гледаат вистинско освежување на тимот, кој не ги дава посакуваните резултати.

Но, Фенербахче не е единствениот клуб кој во моментов е заинтересиран за Барди. Во редот за него застана и Валенсија. Барди има договор со Леванте до јуни 2022 година, па неговата адреса сигурно ќе биде полна со понуди.

ПретходноБабиќ: Во Нашице да одиграме со истата енергија како против Вардар
СледноМВР со извештај по дербито во Скопје: Приведени се две лица, а оштетени се четири автобуси