Ансу Фати, мега – талентот на Барселона по двомесечна пауза поради повреда денеска го одработи првиот тренинг заедно со останатите свои соиграчи од кои беше пречекан со аплузи пред самиот тренинг.
Секако дека ова е уште една добра вест за стратегот на каталонците Чави Ернандез, тој добива уште една екстра квалитетен фудбалер во продолжение од сезоната.
Според првичните прогнози, Фати би требало да добие минутажа на мечот со Ајнтрахт Франкфурт во рамките на четвртфиналето во Лигата на Европа на 14 април.
Look who it is!
👏👏👏👏👏 pic.twitter.com/YTpNLjeJNn— FC Barcelona (@FCBarcelona) March 28, 2022