Репрезентацијата на Црна Гора ја совлада Грција со 1:0 во пријателски меч и направи убава подготовка пред четирите јунски дуели во новата Лига на Нации. Црна Гора беше подобар противник во текот на целиот меч, а голот на одлука го постигна Милутин Осмајиќ кој го реализира првиот гол за националниот тим.
Интересно, Грција ја имаше иницијативата но не упати ниту еден удар на голот. Новиот селектор Густаво Појет ќе мора да ја поправи играта во нападот. А Црна Гора имаше повеќе шанси од противникот и една ја претвори во гол.
Селекторот Миодраг Радуловиќ излезе со комбиниран состав, а четворица дебитираа.