Тренерот на Барселона, Чави Ернандез, не се согласува со желбата на управата на каталонскиот гигант да го доведе на „Камп Ноу“ напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала .
Договорот на напаѓачот на „Старата Дама“ со торинскиот клуб истекува ова лето и тој би сакал да се испроба во Ла Лига. Реал Мадрид не покажа интерес за трансферот, но Барселона ја истражуваше можноста да се обиде да го донесе во тимот. Претседателот на Каталонците, Жоан Лапорта го смета доаѓањето на Дибала за „луксузен“ трансфер.
Со тоа не се сложува Чави, кој му рекол в лице на Лапорта дека нема потреба да се мачи со Аргентинецот, бидејќи тој е преценет и не е калибар на фудбалер за Барса.