Владимир Егоров ќе се бори за златниот медал на Европско сениорско првенство во борење во Будимпешта-Унгарија. Егоров во полуфиналето го совлада Манвел Хнџрстјан од Ерменија со 10-0, техничи туш.
Во финале силите ќе ги одмери со Азарбејџанецот Алијабабас Рзазаде. Големото финале е утре по 18 часот.
Могамедгаџи Нуров доби шанса во репасажот, бидејќи неговиот противник се пласира во финалето, и утре против Батирбек Цакулов од Словачка ќе се обиде да се избори за да се бори за бронза.