Италија е во очај, нема да игра на Мундијалот во Катар и тоа благодарение на Македонија, и елиминацијата во полуфиналето од баражот.
Селекторот на „Азурите“, Роберто Манчини нема да поднесе оставка, ниту ќе биде разрешен од страна на надлежните. Ќе остане селектор и понатаму, но тоа нема да ја спречи јавноста да го критикува и да го исмева за неуспехот.
Па така, доделена му е „награда“ златен тапир, инаку тревопасно животно кое живее претежно во Јужна Америка и централна Азија.
Тапирот е традиционална награда во Италија за славни личности кои направиле гаф, глупост, или прописно се обрукале… како Манчини.
Italia, Tapiro d’Oro a #Mancini: ‘A volte le cose vanno male, è più che meritato. Ero fiducioso ma…’ https://t.co/8sylhKOJ7b pic.twitter.com/hL12AHxVad
— calciomercato.com (@cmdotcom) March 28, 2022