Порто во боите на Македонија

872

Македонската репрезентација утре го игра финалниот дуел од баражот за пласман на Мундијалот во Катар. Мечот против Португалија го играме на стадионот во Порто, популарниот Драгао со почеток од 20:45, а според последните информации кои доаѓаат од таму, на натпреварот ќе бидат присутни околу 2000 наши навивачи.

Информациите се дека толку барања се пристигнати до ФФМ за купување на билети и дека речиси ќе биде исполнет капацитетот на делот предвиден за навивачи на Македонија.

Тоа значи дека ќе ја имаме речиси истата подршка како и во Палермо, што секако е голем плус за нас. Таму нашата група иако далеку помалубројна сепак имаше и тоа како голем удел во самата атмосфера на стадионот, па нема причина да не биде така и утре на Драгао.

 

ПретходноСантош: Овој меч за нас е „живот или смрт“
СледноМајстори за гостински натпревари: На последните три меча како гости имаме три победи со гол разлика 10:0!