По прес-конференцијата нашата репрезентација излезе на теренот на „Драгао“ и одржа тренинг. На трибините 50.000 португалски знамиња колку што ќе има навивачи. Нашите фудбалери го почувствуваа местото каде утре ќе бркаат историја, ќе играат против Португалија, Роналдо и домашни навивачи. Одиме на победа и историски пласман на Мундијал.
Среќно, момци…