Спировски: Во Порто дојдовме по билет за СП 2022

205

Македонските репрезентативци полека со ладни глави гледаат на утрешната пресметка со Португалцита. Еуфоријата по мечот со Италија стивнува, па момците на Благоја Милевски веќе комплетно се фокусирани на утрешното финале на „Драгао“.

„Стигнавме на еден натпревар до светско првенство, одиме да се надигруваме. Ако можевме да ја победиме Италија, зошто не и Португалија. Имавме време да се одмориме. Доволни беа три дена да се одмориме и да се подготвиме за наредниот натпревар. Кој и да излезе на терен ќе даде максимум. Мислам дека не очекува многу поразличен меч од оној со Италија. Очекувам повеќе шанси за нас, подобра финализација и се надевам на позитивен резултат, затоа и дојдовме во Порто“, вели нашиот репрезентативец Стефан Спировски.

Тој додава дека Македонија е подготвена и за последниот чекор до Мундијалот.

ПретходноЧави не сака да чуе за купување на Дибала: Тој е преценет!
СледноНови промени во ЛШ: Пласман во групите и преку УЕФА коефициент!