Тешки милиони “тропаат“ на портите на ФФМ!

10035

Така е тоа кога имаш успех. Така е тоа кога ќе создадеш услови, кога ќе ги наместиш коцките на своето место. Кога си ја гледаш работата и ја работиш најдобро што треба, тука мислиме на сегашното раководство на ФФМ. Тогаш и парите ќе доаѓаат. Факт е дека Фудбалската федерација на Македонија е најголема федерација во земјата, секако и најбогата. А-репрезентацијата играше на ЕВРО 2020, сега е пред вратите на рајот, само 90 минути ја дели од Мундијалот во Катар.

И затоа тешки милиони евра „тропаат“ на портите на ФФМ. Имено во случај на триумф утре против Португалија и пласман на СП во Катар, касата на ФФМ ќе биде побогата за најмалку 12 милиони евра, велиме најмалку зошто таа сума може да стигне до 16 милиони и повеќе.

Тоа е наградата на ФИФА за Фудбалската федерација на Македонија во случај ако нашата А-репрезентација биде учесник на Мундијалот во Катар.

Инаку познато е дека во 30% од таа сума ќе оди кај играчите како премија, според правилникот.

Но сега премијата е најмалку важна за селекторот Милевски и неговите избраници.

Прво утре ќе се игра за Македонија, па за себе, секако и за своите кариери. Можеме само да претпоставиме колку ќе порасне цената на Елмас, Адеми, Барди, Столе, Ристовски и останатите во случај да играат во Катар.

Затоа утре на теренот на “Драгао“ треба да се остави и буквално срцето на терен, да се бие битка до последниот здив за да се победи моќната селекција на Португалија.

Само 90 минути не делат од сонот…

Македонија на СП? Колку тоа убаво звучи – НЕПРОЦЕНЛИВО!

ПретходноМанчини е „награден“ со златен тапир
СледноЕгоров се пласира во полуфиналето на ЕП во борење!