Вечерва уште две селекции од Европа ќе ги запечатат своите визи за Светското првенство во Катар на крајот од годината. Денеска ќе се одиграат два од трите финални плеј-оф мечеви за пласман на Светското првенство, по кои ќе се пополнат уште две слободни места за Мундијалот.
Покрај нашето гостување кај Португалија, денеска Полска која имаше среќа да стигне до оваа фаза без настап поради руската елиминација ќе се појави на финален меч против Шведска. Швеѓаните имаа прилично трнлив пат за да стигнат до овде. Тие мораа да одиграат 120 минути во полуфиналниот бараж со Чешка, но успеаја да победат со гол во продолжението со 1:0.
Сега, скандинавците се во многу понеповолна положба, особено што денеска гостуваат во Хорзов, каде публиката ќе биде дополнителен фактор во корист на Полска. Денеска требаше да има уште еден финален бараж, но тој беше одложен на неодредено време. Од оваа фаза селекцијата на Велс, која во полуфиналето ја победи Австрија со 2:1. Го чека победникот од второто бараж-полуфинале меѓу Шкотска и Украина за да го одигра финалниот дуел кој носи виза за Катар.