Навивачите го избраа новиот дрес на Шкендија за сезоната 2022/23! (ФОТО)

192

И официјално Шкендија ќе има нов дрес, односно нов дизајн, за следната сезона 2022/23. Откако во гласањето учествуваа голем број фанови на клубот, но и други, Шкендија во следната сезона како домаќин ќе игра во нов дрес.

Дизајнот, јасно, ќе биде во боите на клубот црвено – црн, но сега модернизиран, со вертикални пруги. Нешто што Шкендија ретко кога го имала и е налик на дресот на Милан.

Којзнае, можеби овој дрес следната сезона ќе и донесе повеќе среќа на Шкендија, ако се знае дека оваа година биткката за титулата и дефинитивно е загубена.

ПретходноПОЛУВРЕМЕ: Грешка на Ристовски, Бруно казни – Македонија мора во офанзива во вториот дел (видео)
СледноГана и Сенегал се квалификува на СП, Нигерија и Египет елиминирани!