„Потонавме“ против Фарските острови (ВИДЕО)

419

 

Македонската репрезентација до 21. година не само што не победи на денешниот квалификациски дуел против Фарските Острови на домашен терен туку шокирачки загуби со 0:1. Од она што најмногу стравувавме тоа и се случи. Наместо да наметнеме наше темпо, да форзираме агресивна игра, напади и удари кон противничкиот гол, ние одигравме ужасно блед натпревар, во кој гостите погодија и греда, а имаа реално и среќа. Она што ние го создадовме не го реализиравме, а гостите погодија од пенал во 52. минута преку Радосављевиќ.

Како почнавме така завршивме

Ужасниот старт на второто полувреме за нас значеше негатива која не ја очекувавме. Гостите искористија една лоша реакција на нашата одбрана, Денковски направи пенал, а реализартор беше Радосављевиќ.

Потоа ние направиме тројна измена по еден час игра, беа променети сите офанзивци, но не се заканивме реално стопроцентно. Марко Ѓоргиевски атрактивно се обиде но шутираше покрај гол.  Офанзивата која ја пласиравме во последните минути како и дотогаш не донесе нешто конкретно, единствено за споменување е шутот на Станковски преку голот како и обидот на Ѓоргиевски.

По ова, станува јасно дека Македонија не само што нема да го освои тоа посакувано второ место, на кое атакувавме пред овој домеч со Србија и Фарски О. каде освоивме нула бодови, туку сега ќе стравуваме дека можеби ќе завршиме и последни, доколку не ја победиме Ерменија на домашен терен.

Македонија – Фарски Острови 0:1 (0:0)

Арена Тодор Проески

Гледачи: 500

Стрелци: Радосављевиќ 52 (ФО)

Ж.картони: Денковски Хајдари

Македонија: Денковски, Хајдари, Младеновски, Крстевски, Антовски, Фазлагиќ (Златков 87), Тодоровски (Грозданоски 62), Воша, Рустемоски (Станковски 62), Димоски (Максимов 70), Илиевски (Ѓоргиевски 62)

Фарски О.: Рејнатрод, Скипанес, Орегард, Јоханесон, Соренсен, Јохансен, Јакобсен, Солхеим (Солхеим 73), Радосављевиќ, Локин(Јохансен 46), Глесин

 

ПретходноОфицијални состави: Костадинов место Чурлинов, Елмас во нападот…
СледноЕдно срце имаме, како да преживееме…!?