Бруно Фернандеш со своите два гола ја донесе победата на Португалија над Македонија и ќе игра на Мундијалот во Катар. Португалците победија, заслужија, беа подобри на теренот, а по ЕУРО 2016 и Лигата на нациите 2019 Португалците ќе бркаат титула и на СП 2022.
„Целта е постигната. Тоа е најважно нешто. Ништо друго. Ни моите голови. Милам дека бевме подобри на терен и имавме поголема желба за победа. Најважно за мене е да му помогнам на тимот. Не сум тука за да постигнувам голови, туку да помогнам. Ако го правам тоа со голови, тогаш сум уште посреќен. Секој сака да постигнува голови, но главниот фокус е да се помогне. Тоа го направив вечерва“, рече Бруно.